Санкционирани возачи за брзо возење на автомобили и мотори во Скопје, над 200 казнети

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје во периодот од 06.00 часот на 26.06.2019 до 06.00 часот на 27.06.2019 година спроведе зајакната акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Притоа, откриени се 106 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина за што се соодветно санкционирани. Откриени се и 60 останати прекршоци за кои се издадени 21 мандатен платен налог и 39 прекршочни платни налози. На 26.06.2019 година Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе и акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли на територијата на Скопје, при што се санкционирани 20 возачи на мотоцикли. Откриени се и 20 останати прекршоци за кои се издадени 12 мандатни платни налози и осум прекршочни платни налози.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Бројот на вработените во првиот квартал е добра вест за граѓаните, лоша за опозицијата
-

Топлотниот бран во Велика Британија усмрти 17 луѓе
-

Муцунски: Наша цел како Влада е не само државата да ги почне преговорите, туку и да ги заврши доколку се спроведат реформите
-

Мицкоски: Буџетот е во одлична кондиција, остануваме држава со најевтини горива
-

Вицепремиерот Арбен Фетаи поднесе оставка
-

Во мај констатирани се 28.494 сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“
-

Мицкоски од МЕФ: Предизвиците во енергетската криза да ги претвориме во можност
-

Условна казна затвор за владиниот обезбедувач кој призна вина за семејно насилство врз сопругата
