Македонија
14. May 2022 - 21:19

Санкционирани мотоциклисти кои возеле без кацига

40 возачи на мотоцикли биле санкционирани во Битола при последната акциска контрола на СВР Битола. 

Од битолската полиција велат дека токму мотоциклистите, особено помладите спаѓаат во групата учесници во сообраќајот кои се најмногу изложени на опасности. Ја игнорирале законската обврска за користење на заштитен шлем како за возачот така и за сопатникот и разговарале на мобилен телефон или со сопатникот додека управувале со моторот.

-Апел со младите моторџии кои крајно несериозно и со голема брзина управуваат моторни возила, да носат заштитна кацига, да ги почитуваат правилата и прописите бидејќи тие се изложени на висок ризик да се здобијат со смртоносни повреди при случување сообраќајна незгода“, вели Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.

Стаматова вели дека за подрачјето на Битола во првите четири месеци од годината има намалување на бројот на сообраќајни несреќи. Според статистиката брзото возење  е најголем причинител за сообраќајни несреќи.

- Односно за четири месеци се случил вкупно 51, а минатата 2021 година се случиле 57 или бележиме налалување за 10%. Само во месец април на подрачјето на Битола се случиле 10 несреќи за разлика од април 2021 година кога се случиле 16 несреќи или намалување за 37.50%. Во април оваа година на подрачје на Битола нема загинати лица за разлика од минатата година кога 2 лица го загубиле животот, вели Стаматова.

2021 била година со најмал број на жртви во сообраќајот во последните 15 години на подрачјето на цела држава, а трендот продолжува и во првите 4 месеци од оваа година.