Македонија
23. July 2024 - 8:38

Санкционирани 140 возачи во Скопје

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот во рамки на кои на територија на град Скопје изречени се вкупно 140 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 19 санкции.

Како што соопшти МВР, изречени се меѓу другото и 20 мерки за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, шест за користење мобилтен телефон при возење, како и шест мерки за некористење сигурносен појас.

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, порачуваат од МВР.