Македонија
8. September 2022 - 9:03

Санкционирани 124 возачи во Скопје, 11 под дејство на алкохол

 – Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден  продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 124 мерки, меѓу кои за користење мобилен телефон седум  санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, 11 мерки за возење под дејство на алкохол, една санкција за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се вели во соопштението на МВР.