Македонија
12. February 2024 - 11:17

Санкционираа 257 непрописно паркирани возила во Центар

Во периодот од 05.02. до 11.02.2024 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 146 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 111 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во текот на една недела санкционираа 257 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, соопшти ЈП ПОЦ.