-->
-->
Сане би можел да се врати во Премиер лигата
-->
Фудбалерот на Баерн Минхен, Лерој Сане може да ја продолжи кариерата во Англија, објави новинарот Николо Шира.
Според Шира, голем број премиерлигаши пројавуваат интерес за 28-годишниот Германец, чиј договор со клубот од Минхен е со важност до крајот на јуни 2025 година.
Тимовите заинтересирани за фудбалерот планираат да го ангажираат како слободен агент.
Сане игра за Баерн од јули 2020 година. Во тековната сезона, тој постигна еден гол на четири натпревари.
Порталот Трансфермаркт ја проценува вредноста на играчот на 70 милиони евра.
Сане веќе играше во Премиер лигата – од август 2016 до јули 2020 година, беше член на Манчестер Сити.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Директорот на Детска не го добил извештајот од ДСЗИ – тврди дека починатото бебе било прегледано и од специјалист
-
Повлечен законот за средно
-
Посета на претседателот на националното Собрание на Турција, Нуман Куртулмуш во земјава
-
Богата програма за Нова Година во Охрид
-
Повратници од Западна Европа
-
Црвен крст на Град Скопје со хуманитарни настани на Детската клиника
-
Преглед на вестите од светот
-
Просечната плата за една година зголемена за 2.300 денари, трошоците за живот за 15.000 денари