Сандерс ја победи Клинтон и на Хаваи

Претендентот на Демократската партија за претседателски кандидат на изборите во ноември, Берни Сандерс ја победи Хилари Клинтон во внатрепартиските избори и на Хаваи, што е негова трета победа една по друга, откако претходно ја победи на Аљаска и во државата Вашингтон.
Ен-Би-Си њуз и другите американски медиуми тврдат денеска дека Сандерс освоил 71 отсто од гласовите на вчерашното гласање на Хаваи, додека Клинтон освоила 29 проценти.
- Значително го намалуваме водството на Клинтон и сме на пат кон победа. Тешко е да се демантира дека нашата кампања добива се поголем замав, рече Сандерс пред своите приврзаници, кои ја славеа неговата победа во Медисон, во Висконсин.
Според податоци на локалните комитети на Деморатската партија во Аљаска сенаторот од Вермонт освои 79 проценти од гласовите, а поранешниот државен секретар 21 процент.
Во сојузната држава Вашингтон Сандерс освои 76 отсто, а Клинтон 24 проценти.
Сенаторот од Вермонт оваа недела победи и во Јута и Ајдахо.
Сандерс (74) и Клинтон (68) учествуваат во трката за изборот на кандидат на демократите на претседателските избори на 8 ноември.
Врз основа на поддршка на суперделегатите, партиски функционери, кои се слободни да поддржат кој било кандидат, Хилари Климтон има 1.690 „ветени“ делегати, во споредба со 946 за Сандерс, во трката за вкупно 2.381, колку што се потребни за претендентот да биле номиниран за претседателски кандидат на јулската конвенција на демократите во Филаделфија.
Ново на Сител
-

30 дневен притвор за возач од СОЗР поради примање мито
-

Пожарите не стивнуваат: Пламените јазици кај месноста Рамно, нов предизвик за скопските пожарникари
-

ВМРО-ДПМНЕ направи споредба на економските политики со претходната власт
-

Се зголемува бројот на семејно насилство, институциите не можат да направат навремена проценка на случаите
-

Портокалово предупредување, висок пожарен ризик
-

Во Струмица откриено спомен обележје за Ѓоко Ѓоргиев и жртвите од пожарот во Кочани
-

Нов градски пулс: Музичкиот колектив ВЖНР (VZNR) го промовираше новиот албум „Син Дух“
-

Тема на денот со Дончо Герасимовски, поранешен директор на Државен завод за статистика
