Македонија
21. July 2015 - 17:53

Санација на коловозот во Петровец

Се санира најоштетениот дел од коловозот кој поминува низ населеното место Петровец. Станува збор за делница од 15.00 метри квадратни, а денеска увид во реализацијата на градежните активности извршија директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Александар Стојанов и градоначалникот на општина Петровец Борче Митевски.

Од ЈП за државни патишта наведуваат дека со санацијата на овој дел од  регионалниот пат,  кој  е значително оптоварен со голем број возила ќе се подобри  безбедноста во сообраќајот.