-->
-->
Самсунг Галакси Ес10 + може да урне рекорд со 12 ГБ РАМ и 1TБ за складирање
-->

Откако ја крена максимално границата со своите Галакси Ес9, Галакси Ес9 + и Галакси Ноут 9, Самсунг можеби се подготвува да го шокира мобилниот пазар со неверојатната „плус“ верзија на претстојниот предводник Галакси Ес10. Според новите гласини, компанијата има намера да предложи Галакси Ес10 + со параметри кои навистина го менуваат поимот за тоа, колку хардвер може да се најде под „капакот“ на еден смартфон.
Уште неофицијални информации сугерираат дека Самсунг Галакси Ес10 + може да има неверојатни 12ГБ РАМ меморија, надополнета со 1 ТБ за складирање податоци.
Ако е точно, овие 12 ГБ РАМ ќе бидат трипати повеќе од оперативната меморија која ја имаат Галакси Ес9 и Галакси Ес9 +, и два пати повеќе од она со со располага топ верзијата на компанијата – Галакси Ноут 9. Ако оваа гласина се покаже веродостојна, имено Галакси Ес10 + ќе биде првиот паметен телефон со толку многу РАМ меморија.
Оперативната меморија ги складира податоците од отворени апликации, овозможувајќи им на корисниците да се префрлаат помеѓу нив. Во пракса, РАМ овозможува мултитаскинг, без да мора повторно да се отвори апликација секој пат кога сакате да го користите.
Друга гласина е дека Галакси Ес10 + ќе доаѓа со 1 ТБ вградено складирање. Во моментов, врвот за складирање кај смартфоните е 512ГБ и е достапен во врвни модели како што се ајФон ИксЕс, ајФон ИксЕс Макс и Галакси Ноут 9.
Конечно, Галакси Ес10 + се очекува да има дијагонала од 6,7 инчи и четири задни камери, надополнети со двојна предна.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Николоски: Деталите за престој на превозниците во ЕУ по средбата во Брисел ќе ги прецизираме заедно со нив
-

Почина поетот, писателот и преведувачот Тихомир Јанчовски
-

Македонците кои трчаа на Tor des Geants | Катерина Шиповиќ и Жикица Ивановски | Sitel Podcast 137
-

Едно од десет лица во светот работи во „ноќната економија“ – анализа презентирана во Давос
-

Истрага против четири лица за пронајдени дрога и оружје во Брвеница
-

Орбан: Парите за Украина треба да се пренасочат кон развој на армиите на европските држави
-

Јаневска: Законот за високото образование в понеделник на ЕНЕР, наставниците ќе добијат 7,5 проценти покачување со мартовската плата
-

Мицкоски за проблемот со транспортерите: Имавме дипломатска офанзива, има неколку можни решенија
