Македонија
21. December 2015 - 16:42

Само Заев знаел како се чуваат прислушуваните разговори!? Спасовски тврдел дека Јанева добила се што барала

Само Заев знае како се чуваат приватни телефонски разговори и државни тајни но тоа нема да го сподели со овластените државни институции. Нова скандалозна изјава на лидерот на СДСМ кој  надвор од законските процедури и спротивно на барањето на Специјалното јавно обвинителство не ги предава материјалите од незаконското прислушување. Заев смета дека тој приватно подобро ги чува материјалите од обвинителството на кое на располагање му се ставени сите ресурси и капацитети на полицијата и другите државни органи.

Премиерот Груевски на вчерашната владина седница гоз адолжил министерот за внатрешни работиод СДСМ Оливер Спасовски да и ги обезбеди на Катица Јанева сите потребни услови за чување на материјалите.

Според извори ан Сител, Спасовски на седницата рекол дека Катица Јанева досега добила се што побарала. Ова го отвора прашањето дали Заев или Спасовски ја говори вистината.

Специјалното обвинителство на Катица Јанева и денеска не презема мерки за да ги добие  овие материјали кои ја загрозуваат приватноста на граѓаните. Изостана и одогвор на прашањата кои ги постави Сител-

„1. Дали во барањето до СДСМ било наведено дека нема услови за чување на овие материјали?

2. Во кој рок според барањето очекуваат СДСМ да ги предаде материјалите?

3. И какви мерки и кога би биле преземени за спроведување на законската обврска за преземање на прислушуваните разговори?“

Во писмено соопштение  Јанева негодува за критиката во медиумите за нивната нетранспарентност.

„Ве известувам дека во текот на оваа недела ќе бидат соопштени нови информации за работата на ова Јавно обвинителство, кои периодов предизвикаа интерес во јавноста, а кои не бевме во можност да ги споделиме, поради што за жал одредени медиуми се обидоа да го прикажат ова Јавно обвинителство во едно поинакво светло од она за што ова Јавно обвинителство се залага“, стои во соопштението.

Законскиот рок за предавање на материјалите истече на 30ти ноември. Тогаш Заев тврдеше дека ќе ги предаде штом тоа го побара Катица Јанева.

Тонски Заев стари изјави

Познавачите велат дека е спорно тоа што специјалното обвинителство веќе ги презеде предметите од другите обвинителства без притоа да бара посебни услови за нивно чување. Имајќи предвид дека Оливер Спаосвки може да ја ангажира целата полиција за да обезбеди услови за чување на приватните разговори, за експертите е јасно дека изговорите на Заев и СДСМ се само обид за избегнување на обврските од договорот од Пржино со крајна цел- бегство од закажаните рпедвремени избори.