-->
-->
Само една таблета МДМА му предизвикало сериозни здравствени проблеми
-->

Дваесет годишниот Џорди Хурдс од Австралија на својот Фејсбук профил објави фотографија од болница со објаснување дека консумирањето на МДМА му предизвикало сериозни здравствени проблеми.
Имено, по консумирањето на евтината таблетка екстази на една забава, ова момче доживеало исклучително лоша реакција и му бил оштетен мозочен нерв, а како последица на тоа сега тој пелтечи и чувствува тремор по целото тело.
– Не го сакам вашето сожалување, туку сакам да ви укажам на тоа дека ова може да им се случи и на други млади луѓе. Излегувањето и забавувањето, консумирањето на „рекреативни“ дроги може да се чини како добра идеја и не размислувате за тоа во колкава мерка тоа може да ви ги промени животите.
Јас сум среќен што сум воопшто жив, а уништен ми е мозочен нерв и се соочувам со тоа дека може цел живот да пелтечам, напиша Хурдс на својот профил на Фејсбук.
Видеото кој тој реши да го сними каде ја објаснува целата ситуација за неколку дена е прегледано многу пати.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Клиперси го разменија Харден со Кливленд
-

Најмалку 35 загинати, речиси 400 повредени во снежни бури во Јапонија
-

13-годишно момче херој во Австралија: Пливал 4 часа за да го спаси своето семејство
-

ДЗС: Отстранети шест артилериски гранати од Првата светска војна во Гевгелиско
-

Најстудено во Берово, Попова Шапка и Маврови Анови
-

Во бродска несреќа, во близина на грчкиот островот Хиос, загинаа 14 мигранти
-

Без вода делови од Центар и Чаир
-

Поведена истрага против Манделсон поради наводно оддавање информации на Епстин
