Само 2 проценти од луѓето на светот знаат да ја решат "Загатката на Ајнштајн"
Овој тест е именуван по познатиот физичар Алберт Ајнштајн, бидејќи тој наводно ја измислил кога бил дете
Ајнштајновата загатка е логичен тест за кој тврди дека можат да го решат само два проценти од луѓето. Овој тест е именуван по познатиот физичар Алберт Ајнштајн, бидејќи тој наводно ја измислил кога бил дете, иако нема потврда дека ова се случило.
Дали сте еден од оние два проценти најинтелигентни луѓе?
Проверете во која група спаѓате вие…
ВОВЕД: Пет куќи се обоени во пет различни бои. Во секоја од тие куќи живее личност од различна националност. Сите тие сопственици пијат различен пијалак, свират различен инструмент и чуваат различни домашни миленици. Ниту еден сопственик нема ист миленик, инструмент или пијалак.
Врз основа на долу наведените податоци, одговорете кој чува риби како миленици.
Познати податоци:
– Британецот живее во црвена куќа
– Швеѓанецот чува кучиња
– Данецот пие чај
– Зелената куќа е лево од белата куќа
– Сопственикот на зелената куќа пие кафе
– Личноста која свири виолина одгледува птици
– Сопственикот на жолтата куќа свири клавир
– Сопственикот на средната куќа пие млеко
– Норвежанецот живее во првата куќа
– Човекот кој свири труба живее покрај оној што чува мачки
– Човекот кој чува коњи живее покрај човекот кој свири на клавир
– Сопственикот кој свири армоника пие пиво
– Германецот свири гитара
– Норвежанецот живее покрај сината куќа
– Човекот кој свири труба има сосед кој пие вода
Постои само едно решение кое ги задоволува сите горе наведени услови!
Прашање: Kој има риба?
Ново на Сител
-
Детали од МВР за вчерашната сообраќајка кај Мислешево
-
Поднесена иницијатива за испитување на уставноста за преименување на улиците во Тетово од 2007 година
-
Скршени и откорнати клупи, расфрлан отпад, вандализиран „Жена парк“ во центарот на Скопје
-
Европската централна банка ја продолжи можноста за пристап до репо-линијата за Народната банка до 2027 година
-
Жените недоволно застапени во високото образование
-
Рама за апсењето на Велиај: Го одведоа од канцеларија и го затворија во ќелија без судење, го оставија градот без „глава“
-
Приведени двајца криумчари, пронајдени пет лица мигранти
-
Гутереш го повика Хамас да продолжи со ослободување на заложниците