Самитот во Трст нова можност за придвижување на евроинтеграциите на регионот
Самитот „ЕУ - Западен Балкан“ во рамки на Берлинскиот процес кој ќе се одржи на 12 јули во Трст ќе помогне за придвижување на евроинтеграциите на регионот и ќе донесе конкретен исчекор во однос на неговото инфраструктурно и економско поврзување.
Ова го истакна на денешната заедничка прес-конференција во ЕУ инфо центарот амбасадорот на Италија во Македонија Карло Ромео со шефот на Делегацијата на Европската унија во Скопје Самуел Жбогар во врска со претстојниот самит во Трст.
Тој истакна дека самитот е организиран на највисоко ниво и на него ќе учествуваат покрај премиерите на шесте земји од Западен Балкан и министрите за економија и транспорт и високи претставници на ЕУ и на ЕК, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини, еврокомесарот за преговори за проширување и соседска политика Јохане Хан, како и еврокомесарот за транспорт Виолета Болц.
- По неколкуте тензии сега политичката слика во регионот е попозитивна. Се надевам дека Трст ќе донесе едно придвижување, исчекор и важен пресврт, дека ќе придонесе да се смени перцепцијата за ЕУ во регионот, и обратно на ЕУ спрема регионот. Се надевам дека лидерите на шесте земји ќе дојдат во Трст во добар дух и со конструктивно расположение и ќе ја искористат политичката можност што ја дава овој самит да се потврдат себеси како реформски и проевропски лидери, рече амбасадорот Ромео.
Тој нагласи дека историски исчекор на самитот ќе претставува потпишувањето на догорото за формирање Транспортна заедница во регионот, како и Канцеларија за соработка на стопанските комори од Западен Балкан, а ќе бидат презентирани и седум регионални проекти во вкупно вредност од 200 милиони долари кои ќе бидат обзбедени како грант.
Според амбасадорот Жбогар, ЕУ последната година посветува значајно внимание на регионот што се потврдува со посетите на Могерини и Хан на земјите од Западен Балкан, како и на средбите на лидерите од шесте земји во Брисел. Тој нагласи дека за тоа сведочат и обзбедедените 1,3 милијарди евра за Западен Балкан, средства кои треба да се искористат до крајот на 2020 година за проекти во обалста на инфарструктурата, енергетиката, животната средина, и на иновациите.
Одговарајаќи на новинарско прашање дали моделотна екононска интеграција кој се промовира со процесот од Берлин ќе значи на некој начин враќање на моделот на поранешна Југославија плус Албанија, Жбогар нагласи дека не сака да прави споредби со минатото, и дека овој модел на соработка е дизајниран за иднината.
- Сферата на економска интеграција или тоа што самите премиери ќе го дискутираат во Трст и акциониот план што ќе го усвојат работи на интгеграција на самиот регионот на патот кон ЕУ. Всушност тоа треба да го олесни зголемувањето на трговијата меѓу земјите и отстранување на пречките на нивно интегрирање. Ќе се разговара и за инвестиции како да се промовира целиот регион како пле за инвестиции. Меѓутоа тоа не е унија, туку подоготовка на регионот од трговски аспект и негова хармонизација со регулативите на ЕУ. Крајната цел е да се стимулира трговија меѓу земјите од регионот како пазар со над 20 милиони жители, рече евроамбасадорот Жбогар.
Запрашан за постигнатата основа за компомис за договорот меѓу Македонија и Бугарија, Жбогар рече дека за да се одговори на ова прашање треба да се потсети на формирањерто на самата ЕУ, чија срж е фомрирање на добрососедски односи.
- Потребно е сите земји да ги решат билатералните прашања со соседите и со земјите членки на ЕУ во регионот. Никогаш нема да погрешите ако инвестирате во пријателство со соседите. Мора да имате круг на пријатели околу вас. Првите чекори се навистина охрабрувачки. Ние не сме вклучени во договорот но се наведаме дека ќе биде финализиран и потпишан до август. Тоа ќе покаже одлучност на самата Влада за повторно да го гради овој круг на пријатели со соседите, рече Жбогар.
Во рамки на самитот ќе се одржи и бизнис форум со учество на стотина компанија од Италија и од регионот, потоа форум на граѓансското општество како и форум на младинци фокусиран на малдинските политики во однос на евроинтеграциите.
Берлинскиот процес започна под покровителство на Германија и канцеларката Ангела Меркел со цел забзување на придвижувањето на регионот кон ЕУ. Досега самити во рамки на процесот се одржаа во Виена и во Париз
Ново на Сител
-
На новогодишната ноќ стабилно, суво и студено време
-
Приведен криминалец од Грчец баран со потерница
-
ЈСП Скопје: Неделен возен ред на 1 јануари, билетарниците ќе бидат затворени, жичарницата ќе работи од 11 до 17 часот
-
Дојран се полни за новогодишните и божиќните празници
-
За една недела санкционирани 142 непрописно паркирани возила во Општина Центар
-
Таравари: Има буџет за 1.117 нови вработувања и 600 приватни специјализанти, конкурсите од стартот на новата година
-
АХВ: Контроли во месарниците, уништени 620 килограми небезбедно месо
-
Предложени притворски и други мерки за осомничените за криумчарење луксузни автомобили