-->
-->
Сами Насри продолжува во Анталијаспор
-->
Францускиот фудбалер Сами Насри од Манчестер Ситуи заминува во Турција. Но, тоа и не би било големо изненадување, доколку станува збор за водечките екипи во турскиот шампионат, односно тимовите кои се борат за највисок пласман. Напротив.
Насри кариерата ќе ка продолжи во екипата на Анталијаспор.
30-годишниот Французин кој во Манчестер Сити дојде од Арсенал во 2011 година, со популарните „Граѓани“ освои две шампионски титули и по еден трофеј во Лига Купот и Комјинити Шилд. За Манчестер Сити, тој одигра 171 натпревари и постигна 26 гола.
Насри во 2014 година со Сити потпиша нов петгодишен договор, но по низата на повреди Французинот не успеа да се врати во старата форма по што го загуби местото во тимот, па минатата сезона ја мина како позајмен фудбалер во шпанската Севиља.
Засега нема официјални информации за финансискиот дел од трансферот на Насри во Анталијаспор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Скопјани добија вода, дефектот е саниран
-
Чадот од отпад го гуши Злокуќани цела деценија: Жителите бараат итна помош од институциите
-
Меџити вчера објави дека Груби е во Албанија, денеска вели политичарите да се воздржат од коментари
-
Директорот на Детска не го добил извештајот од ДСЗИ – тврди дека починатото бебе било прегледано и од специјалист
-
Повлечен законот за средно
-
Посета на претседателот на националното Собрание на Турција, Нуман Куртулмуш во земјава
-
Богата програма за Нова Година во Охрид
-
Повратници од Западна Европа