Саливан: Иран може да направи нуклеарно оружје
Администрацијата на американскиот претседател во заминување Џозеф Бајден е загрижена дека Иран би можел да се здобие со нуклеарно оружје, изјави синоќа советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.
Саливан изјави за Си-Ен-Ен дека го информирал тимот на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за опасноста, наведувајќи дека постои ризик Иран да отстапи од ветувањето дека нема да произведува нуклеарно оружје. Тој, исто така, истакна дека САД разговарале за тоа со Израел.
Саливан рече дека Трамп ќе има можност да ги продолжи преговорите со Иран за неговата нуклеарна програма со оглед на, како што ја нарече, „ослабената држава Иран“, а можеби и да постигне нуклеарен договор што „ќе ги запре иранските нуклеарни амбиции на долг рок“.
Ново на Сител
-
Разрешувањата во Судски совет ќе чекаат законски измени
-
Младите во Британија не знаат да променат сијалица, во Македонија велат тоа го прават без проблем
-
Руте: Време е за војна – вака треба да размислуваме
-
Преглед на вестите на светот
-
Муцунски: 2025 да биде година за старт на преговорите
-
Продолжуваат протестите на синдикатот на УПОЗ
-
Преглед на вестите од светот
-
Постигнат е договор: Дополнителни 6 денари по килограм оризова арпа