Салиу: Под контрола сите пожари во Македонија

Состојбата со пожарите во Македонија е под контрола. Гори само на неколку места нискостеблеста шума и сува трева, информираше денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу.
- Гори во атарот на село Волче кој се очекува да биде ликвидиран во текот на денот. Активен пожар има во селата Дрен и Смолани прилепско каде што се преземаат дејствија. Нов пожар од пред еден час има кај Катланово во село Градманци кадешто гори нискостеблеста шума. Пожарот го гасат припадници на Македонски шуми и ДЗС, а се вклучени двата авиона ер трактори. Активен е уште еден пожар кој избега кон границата со Косово во село Грачане, а гори нискостеблеста шума и очекуваме до крајот на денот целосно да биде изгасен, истакна Салиу.
Директорот на ДЗС информираше дека во гасење на пожарите од утре ќе бидат вклучени и два авиони ер трактори од Израел кои се дојдени со персонал од 24 обучени луѓе. До сега покрај македонскиот хеликоптер кој се уште е активен во гаснење, искорестени биле и хеликоптери од Бугарија и Турција.
Салиу повика пожарите да не се мешаат во политиката и апелираше да и се дозволи на ДЗС да си ја врши својата работа. Тој ги повика припадниците на политичките партиии да се вклучат активно физички во гаснење на пожарите за што ќе добијат и обука од лица од ДЗС.
Во однос на прашањата кои ги добивал изминатите денови за употребата на авионите на ДЗС, Салиу рече дека тие се оперативни со тројца пилоти и дека во моментов дејствуваат во Катланово.
Салиу информираше дека авионите до сега дејствувале 296 пати, исфрлиле 840 тони, а летале околу 130 часа. Во Македонија од 2017 година имало 567 пожари со изгорена површина од 1.234 хектари.
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
