Сали: Иницирани вонредни инспекциски надзори во „Жан Митрев“, во среда детали за случајот
– Пратен е допис до Државниот здравствен и санитарен инспекторат да изврши вонреден инспекциски надзор во Kлиничката болница „Жан Митрев“, а Агенцијата за лекови Малмед веќе иницирала вонреден инспекциски надзор за да утврди дали е почитувана постапката за клинички испитувања за хемофилтрација.
– Првичните сознанија укажуваат дека не е испочитувана постапката, но да оставиме да се утврди фактичката состојба во Клиничката болница „Жан Митрев“ и овој наод ќе го имаме уште во текот на утрешниот ден кога истекува рокот за да се изјасни болницата, изјави попладнево на прес-конференција министерот за здравство Беким Сали.
Целта на извештајот, како што рече, ќе биде да ја констатира фактичката состојба и да ги адресира сите сознанија до кои ќе се дојде.
– Од Извештајот очекувам неколку елементи како краен резултат. Јасно утврдување на системски недоследности за кои одговорно тврдам дека сите кои се во моја надлежност како министер ќе ги исправам во најкус можен рок. Извештајот ќе има за цел да ја констатира состојбата и јас лично ќе го доставам до надлежните институции за понатамошно постапување. МЗ и јас како министер моравме да ги добиеме сите информации за да ја имаме севкупната слика за на јавноста да и доставиме само издржани и релевантни информации. И уште поважно, семејствата на пациентите заслужуваат да имаат транспарентна севкупна информација, рече Сали.
Најави прес-конференција во среда во 11 часот кога се очекува да бидат објавени повеќе детали.
Сали ја поздрави и постапката на Основното јавно обвинителство за отворање на предмет за овој случај.
– Во Република Северна Македонија нема недопирливи, а одговорност доколку се утврди ќе има, порача Сали.
Ново на Сител
-

Бадникарски огнови вечерва низ цела држава
-

По 13-ти пат во Крушево се одржа уникатна манифестација „Дева“ со која се најавува Христовото раѓање
-

Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор
-

Залутан куршум е причина за смртта на двегодишното дете на новогодишната ноќ
-

Бугарското МНР употреби фраза „достапен јазик“ наместо македонски, Скопје и Софија разменија остри пораки
-

Двајца возрасни и пет деца со повреди од петарди завршиле на Клинички - дали се потребни поголеми казни?
-

Град Скопје дебатираше за воздухот
-

Во буџетот собрани речиси 500 милиони евра помалку од планираното
