Салах: Ова е мојата последна сезона во Ливерпул
Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах изјави дека ова е негова последна сезона во клубот. Египќанецот го сподели ова веднаш по големата победа на „црвените“ со 3:0 над Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“. Тој имаше огромен придонес за успехот бидејќи направи две асистенции и го постигна третиот гол на натпреварот.
-Поминав добро лето и многу време за себе да останам позитивен бидејќи, како што знаете, ова е мојата последна година во клубот. Сакам само да уживам и да не размислувам за тоа. Чувствувам дека имам слобода да играм фудбал, а ќе видиме што ќе се случи следната година, изјави Салах во студиото на „Скај спортс“.
Напаѓачот додаде дека клубот не разговарал со него за нов договор и дека неговиот актуелен договор истекува на крајот од сезоната.
Запрашан за можноста ова да биде негов последен натпревар на „Олд Трафорд“, тој рече дека кога пристигнал на стадионот помислил дека ова може да биде последен пат.
-Никој во клубот се уште не разговарал со мене за нов договор, така што оваа сезона ја играм како последна, а ќе видиме на крајот од сезоната. Во моментов не знам со кој клуб можам да се вратам, но засега ова е мојот последен натпревар овде со тимот на Ливерпул. Не зависи од мене, но никој не разговарал со мене за договор со клубот. Ќе видиме, додаде тој.
Ново на Сител
-
Форум за образовни промени: Да се преземат мерки за бројните законски прекршувања на Универзитетот во Тетово
-
Отворено ново студио за медиумски иновации на Правниот факултет „Јустинијан Први“
-
Кина воведе царини на европските жестоки пијалаци
-
Тешко повредено 20-годишно лице по сообраќајна несреќа во Кавадарци
-
Царинска управа: спречен обид за нелегална трговија со марихуана и лекови
-
Ја удрил со автомобил, па избегал од лице место - Тешко повредена 85 годишна жена
-
Уапсен 38 годишен косовски државјанин - Ја палел зградата на општина Тетово
-
Во четврток прва седница на ЕСС, ќе се зборува и за покачувањето на минималната плата