Свет
31. October 2016 - 12:27

Сакате да знаете кој ќе победи на изборите во САД: Игнорирајте ги анкетите и следете ги парите

Индепендент - Лондон 

Многу гласачи ги следат претседателските дебати и испитувањата на јавното мислење за да си создадат слика што може да се случи на изборниот ден, но во последната деценија социолошките анкети редовно грешеа во своите прогнози за изборните резултати.

Двете последни истражувања на Галуп и Расмунсен, направени непосредно пред претседателските избори во 2012 година, покажуваа дека победник ќе биде Мит Ромни. Доволно е човек да ги погледне овогодинешните анкети за Брегзитот, за да види колку погрешни можат да се покажат тие резултати.

И окрај тоа, медиумските агенции ги обожуваат податоците од анкетите на јавното мислење, затоа што се интерсна историја за публиката, без разлика колку се точни. Но, всушност има еден многу поточен и побезболен начин да се следат изборите: следете ги парите.

Во 2013 година, Барак Обама и Мит Ромни собраа сериозни суми за своите кампањи. Првиот 1,14 милијарди долари и вториот 1,25 милијарди долари.

Иако до изборниот ден останува уште малку време, за кое ќе се соберат и потрошат многу пари, веќе се исцртува една интересна слика за претседателските избори 2016 година.

До 21 септември, кампањата на Клинтон собрала вкупно 516,7 милиони долари, кои вклучуваат 143,5 милиони од партијата и од независните политички комитети (ПАК) кои поддржуваат одреден кандидат и кои честопати се анонимни индивидуални донатоти, компании или синдикати. Кампањата на Трамп пак собрала само 205,9 милиони долари, во кои влегуваат едвај 40 милиони долари од партијата.

Собирање на средства од кандидатите не се толку добар барометар за преценувањето на исходот од изборите, затоа што Трамп нема потреба од толку пари колку Клинтон. Трамп заработува од она што го нарекуваме „слободни медиуми“. Доволно е да ја отвори устата или да прати еден твит и има многу голема веројатност да се појави во вестите и да биде гледан на телевизите или онлајн. Тоа е бесплатна реклама за неговата кампања. Клинтон, од друга страна, не е толку ценета од новинарите, затоа што не е толку гласна.

Подобра проценка за изборите се добива од собирањето на средства, кои не се организирани од самите кандидати. Иако тоа важи и за двата табори, дарувањата на републиканците се помали за 95 проценти во споредба со 2012 година!

Според Блумберг, четирите водечки ПАК-ови зад секој кандидат собрале 152,7 милиони долари за Клинтон, и 16,4 милиони за Трамп. Па, каде се сите оние републикански донатори?

Можеби најдобар пример е милијардерот од Лас Вегас, Шелдон Аделсон. Во 2012 година Аделсон подарил околу 150 милиони долари за да помогне за поразот на Барак Обама. До септември 2016, Аделсон донирал помалку од 500.000 долари за кампањата на Доналд Трамп.

Зошто е важно ова?

Луѓето вообичаено донираат пари за политичките кампањи со надеж дека партиите или кандидатите кои тие ги избрале ќе победат. Во текот на 2016 година, традиционалните републикански донатори финансиски не го подржаа канидиатот на нивната партија, можеби затоа што сметаат дека тој не може да победи и затоа не сакаат да си ги фрлаат парите.

Еден од првите квалитети на кампањата на Трамп беше очекувањето дека тој може да се самофинансира, наместо да се надева на собирањето средства. Иако тој самиот даде околу 50 милиони долари за својата кампања, тој не одвои толку пари колку што тврдеше дека ќе даде или колку се потребни за самофинансирање на претседателската кампања.

На пример, во 1992 година, тексашкиот милијардер Рос Перо потроши околу 60 милиони долари свои пари за да заврши на трето место на изборите (што е еднакво на 103 милиони долари според денешната вредност). Попросто кажано, пред 25 години Перо потроши повеќе пари од Трамп сега и заврши како трет.

Парите се користат не само за реклами, туку и за плаќање на предизборни активности. Кон крајот на август, Клинтон имаше над трипати повеќе локални канцеларии во 15-те стратешки важни држави од својот противкандидат. За несреќа на Трамп, речиси половината од персоналот во тие канцеларии ги добиваа парите од Националниот комитет на Републиканската партија, која на 8 октомрви објави дека повеќе нема да ја поддржува неговата кампања. Тоа во крајна линија значи дека дејноста на Трамп на терен сега е сведена на нула.

И покрај тоа што претседателската трка го монополизира поголемиот дел од вниманието, годинава исто се гласа за избор на нов состав на Претставничкиот дом, за една третина од Сенатот и за околу една четвртина од државните Конгреси. Републиканската партија оцени дека не треба да дава некорисни пари за Трамп и ги пренасочи средставта таму каде има најдобри шанси за победа. Партијата на Трамп сигнализира дека не верува оти тој има дури и минимални шанси да победи, така што наместо тоа ги фокусира напорите на зачувување на своето мнозинство во двата дома во Конгресот.

Единствените анкети кои ќе треба да се следат се финансиските отчети на кандидиатите и дали луѓето даваат пари. Јасно е дека финансиските поддржувачи го кажале своето и нештата за Трамп воопшто не изгледаат розови.