Сајтот за туристичка промоција „Macedonia timeless“ причина за препукување меѓу власта и опозицијата во Грција
Текст објавен во грчките медиуми за непроменетото име на сајт за туристичка промоција на земјава Macedonia timeless, беше причина да реагираат од опозициската Нова демократија со остри критики до грчката влада, на што експресно стигна одговор од шефот на грчката дипломатија, Јоргос Катругалос, јави дописничката на МИА од Атина.
-Провокативната и дрска употреба на терминот Македонија од официјален сајт на Скопје и тоа за туристичка промоција на соседната земја, на најлош начин ги оправдува предвидувањата на Нова демократија. Дека по неприфатливото отстапување на владата на Ципрас, на соседите, безусловно, да им ги отстапи наводните „македонски идентитет и јазик”, терминот „Северна” едноставно ќе избледи и ќе се заборави. Владата мора веднаш да реагира, соопштуваат од најголемата грчка опозициска партија Нова демократија.
Од кабинетот на Јоргос Катругалос, министерот за надворешни работи на Грција, излегоа со соопштение по написите во весниците и прилозите на телевизиите и радијата.
-Нова демократија уште еднаш одбра да биде опашка на жолтиот печат што ја поддржува нејзината политика. Од очигледни причини за ситнополитичка употреба, одбира да го игнорира фактот дека целиот свет, соседната земја ја нарекува Северна Македонија, дека промени стотици имиња на институции и објекти за да одговараат на новото име и продолжува со тоа, и дека веќе од 15-ти мај е соопштено дека ќе ја промени туристичката кампања за да се усогласи со новото име, соопштуваат од кабинетот на Катругалос
Ново на Сител
-

Запален автомобилот на градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш
-

Познат идентитетот на возачот кој загина на патот Кочани - Виница, повредени три лица
-

Израел се обиде да го убие иранскиот безбедносен функционер Лариџани
-

Европа му испрати јасна порака на Трамп: Сам реши го својот проблем, ова не е наша војна
-

Од денеска директна авиолинија Охрид-Братислава, а од 29 март нова авиолинија Охрид-Милано
-

Расчистен случај со лажна сообраќајка, уапсен скопјанец што измамил жена за сума од 2.000 евра и 1.000 долари
-

Изборот на Ненад Савески за нов државен јавен обвинител утре на собраниска седница
-

Македонски државјанин уапсен во Грција - со мотоцикл возел со брзина од 223 километри на час

