Саем за вработување во Битола

Агенцијата за вработување на РМ денеска во Битола го одржа вториот Саем за вработување на кој со свои штандови се претставија 40-на фирми и организации од Пелагонискиот регион.
Според директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски, саемските манифестации се одлична можност за презентација на биографиите на лицата што бараат работа, како и за презентација на фирмите што нудат нови работни места.
-Вториот саем за вработување во Битола нуди можност на сите лица што бараат работа директно да разговараат со работодавачите, а тие, пак, да се информираат со профилот на лицата што бараат работа. Верувам дека многу биографии денеска ќе станат реалност, односно нови вработувања или со други зборови оние што бараат работа, ќе најдат работа, рече меѓудругото Поповски на саемот за вработување во Битола.
Според информациите од локалниот Центар за вработување-Битола, во овој град евидентирани се 5.550 невработени лица, а најголем дел се со ниско образование.
- Во моментов на пазарот на трудот се бараат кадри со средна стручна подготовка, односно возачи, монтери, хигиеничари, продавачи, а се бараат и лица со познавања од информатички технологии, странски јазици и други струки, посочи Јешим Сејфуловска, раководител на Центар за вработување-Битола.
Ново на Сител
-

Русија бара меѓународен договор за забрана на офанзивно оружје во вселената
-

ЦУК: Активни два пожари на отворен простор, осум изгаснати во текот на денот
-

Курти: Пресудата за водачите на ОВК е неприфатлива неправда
-

Мицкоски во Вашингтон на средба со конгресмените Клаудиа Тени и Кит Селф, разговарано за значењето на стратешкото партнерство со САД
-

Македонските одбојкари со триумф над Израел
-

Се предлага зголемување на помошта за новороденчиња: 18.450 денари за прво, 36.900 за второ и 52.275 денари за трето дете
-

Ги запалил дипломатските возила и побегнал - Поднесено обвинение за нападот пред Бугарската амбасада
-

„Ладна Вода“ нов партнер на македонските фудбалски репрезентации
