-->
-->
Саем на книга во кичевската библиотека „Кочо Рацин“
-->

По повод Месецот на книгата „Книга за сите генерации“, издавачката куќа „Феникс“ од 7 ноември до 1 декември во библиотеката „Кочо Рацин" во Кичево организира саем на книга.
Изложени се над сто наслови - бестселери, лектири за основно и за средно образование, енциклопедии, прирачници, боенки, сликовници, кои се продаваат со попуст од 50 до 80 отсто.
- Како и во минатите години, и сега очекуваме солиден одѕив на љубителите на пишаниот збор и се надеваме дека многумина на овој саем ќе најдат книга по сопствен вкус, рече Елена Попоска од Центарот за култура Кичево, во чии рамки работи и градската библиотека „Кочо Рацин“.
-->
-->
-->
