Саем на книга на „Матица македонска“ во Куманово
Кумановската библиотека „Тане Георгиевски“ и издавачката куќа „Матица македонска“ од Скопје организираат четиридневен саем на книгата кој почна денеска и ќе трае до 24 септември. Кумановци ќе можат да ги купат најбараните наслови со саемски попусти.
- Саемот на книгата во Куманово е одлична можност за љубителите на книгата да ги збогатат своите домашни библиотеки. Љубовни, историски и семејни романи, трилери, класици, хумор, поезија..., саемот нуди широк избор за сите генерации и вкусови, изјави Марјан Петковски, директор на кумановската библиотека.
И во наредниот период, рече тој, ќе се организираат саеми на книги со различни издавачки куќи. Заинтересираните читатели може да го посетат штандот во наредните денови од 10 до 19 часот. Покрај изданија на „Матица македонска“, во понудата се и книги по промотивни цени од издавачките куќи од Србија „Вулкан“ и „Лагуна“.
Ново на Сител
-
Со комеморација претседателката Сиљановска-Давкова се прости со Салмонд кој почина во Охрид
-
Тема на денот со Крешник Бектеши, ДУИ
-
Нема интерес за згрижување деца
-
ДУИ не се откажува од протести, оценија дека задоцнето се носи новиот закон за правична застапеност
-
Филипче: Нема да бидеме параван за пропаднатите политики на власта
-
Во Македонија за прв пат ќе се прави идентификација на целиот недвижен имот што е во сопственост на државата
-
Дали зголемувањето е доволно?
-
Разговор со Весна Јаневска, Министерка за образование и наука