САД водат разговори со Хамас и ја повикаа групата да ги ослободи заложниците

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Вашингтон е во „прилично длабоки“ разговори со палестинското движење Хамас и ја повика групата да ги ослободи сите заложници во Газа.
„Водиме прилично длабоки разговори со Хамас“, им рече американскиот лидер на новинарите, додавајќи дека ситуацијата ќе стане „тешка и непријатна“ ако палестинското движење продолжи да држи израелски заложници.
„Им рековме: „Пуштете ги“, веднаш. И ако го сторат тоа, ќе им се случат многу подобри работи, но ако не го сторат тоа, ќе стане тешко и непријатно“, рече републиканецот. Хамас „сака некои работи што не се проблем“, рече тој.
Трамп не навлезе во детали.
Палестинските милитанти задржаа повеќе од 250 заложници во Газа откако го нападнаа Израел во октомври 2023 година и, според израелските бројки, убија 1.200 негови граѓани.
Последователната операција во палестинската енклава на сојузникот на САД Израел уби илјадници и го расели практично целото население на Газа. Дејствијата на израелската војска предизвикаа обвинувања за геноцид и воени злосторства од меѓународните судови и групите за човекови права. Израел ги негира обвинувањата.
За време на изборната кампања, Трамп вети брз крај на војната, но решение не е беше пронајдено.
Околу 50 израелски заложници се уште се држат во Газа. Се верува дека 20 се сè уште живи.
Хамас изјави дека ќе ослободи дел од затворениците во замена за привремен прекин на огнот, но Трамп рече дека сака сите да бидат ослободени.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека војната во Газа ќе заврши само кога Хамас ќе се разоружа и ќе биде заменет со алтернативна цивилна влада.
Хамас сака крај на војната и повлекување на израелската армија од палестинската енклава.
MIA
Ново на Сител
-

ДУИ одлучи да оди на лидерска - за сите прашања ќе одлучува Ахмети
-

Тема на денот со Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и вицепремиер
-

Ахмети ќе присуствува на лидерската средба
-

Утре на пладне лидерска средба, само Филипче писмено го одбил Мицкоски
-

Во притвор заврши лицето кое ја оштети вратата на бугарската амбасада во Скопје
-

Судски совет распиша оглас за избор на уставен судија, одлуката на Управен суд била преседан
-

Саит Саитов кој со „пасат“ усмрти жена кај Капиштец претходно бил казнуван за управување возило без возачка дозвола
-

Угостителите не кажуваат какви забелешки имаат за новиот закон за заштита од пушење
