САД: Турција примила во посета познат терорист на Хамас
САД жестоко се противат на посетата на двајца лидери на Хамас на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, која се случи на 22 август во Истанбул, соопшти денеска Морган Ортагус, портпарол на Стејт департментот.
Визитата наводно била организирана во дворецот на отоманскиот султан Мехмед Вахидетин, последниот отомански султан
Хамас е означена како терористичка организација од САД и ЕУ, и двете лица кои беа во посета на претседателот Ердоган се на списокот на Специјално означени глобални терористи, се вели во соопштението
-САД имаат распишано потерница со награда за информација на едно од тие лица, поради вклученост во повеќе терористички напади, киднапирања и грабежи.
Од Стејт департментот укажуваат дека соработката на претседателот Ердоган со овие терористички организации само може да ја изолира Турција од меѓународната заедница, и да ги погази интересите на палестинскиот народ, како и да ги минира глобалните напори за спречување терористички напади иницирани од Газа.
Се истакнува загриженоста на САД поради врските на турските власти со Хамас на највисоко ниво. Се посочува дека ова не е прва посета – Ердоган бил домаќин на лидери на Хамас на 1 февруари, 2020 година.
Ново на Сител
-
Мареј нов тренер на Ѓоковиќ
-
Ердоган ги поздрави налозите за апсење на Меѓународниот кривичен суд против Нетанјаху и Галант
-
Блатер за ФИФА: Создадов чудовиште
-
Едно лице повредено во престрелка во Арачиново, вмешан и Шенки Версаче
-
Тројца уапсени по расистички навреди кон Ламин Јамал
-
ОЈО Тетово поведе истражна постапка против 51-годишник, поради оружје и муниција
-
Уапсен 65 годишен струмичанец, поради пронајдена дрога
-
Неверојатниот Кејн собори рекорд во Бундеслигата