Живот
29. November 2019 - 15:32

САД: Шопинг сезоната покуса за шест денови, приходите пониски за милијарда долари

Шопинг сезоната во САД, што трае од Денот на благодарноста до Божиќ, ќе биде за шест дена покуса оваа година од минатата година и тоа ќе биде најкратката сезона за празници од 2013 година, бидејќи Денот на благодарноста е на четвртиот четврток во ноември – последниот можен датум.

Тоа значи дека купувачите ќе имаат помалку време да купуваат, а трговците на мало ќе имаат помалку време да ги измамат, според американски медиуми, кои потсетуваат дека официјалното „шопинг лудило“ почнува денеска, на Црниот петок.

Адоби Аналитикс предвидува дека приходите од тргување преку Интернет ќе бидат намалени за милијарда американски долари како резултат на скратена сезона.

Сепак, тие очекуваат продажбата на интернет да достигне 143,7 милијарди американски долари, за 14,1 процент повеќе од минатата празнична сезона.

Националната федерација за малопродажба (НРФ), најголемата малопродажна група во САД, исто така укажува на пократка сезона во својата прогноза, но проценува дека вистински двигател на прометот ќе биде пазарот на трудот. Тие предвидуваат дека продажбата за празниците ќе се зголеми помеѓу 3,8 и 4,2 проценти, повеќе од разочарувачкиот раст од 2,1 процент во ноември-декември 2018 година.

Минатогодишната празнична распродажба беше погодена со нарушувањето на трговските односи меѓу САД и Кина и блокада на владата.

Прогнозите за раст на продажбата во празничната сезона оваа година се за 3,7 проценти над просечниот раст во изминатите пет години.