САД шеста недела по ред не увезуваат нафта од Венецуела

Испораките на венецуеалска нафта од САД не се реализирале и во неделата заклучно со 28 јуни, или шеста недела по ред, се дознава од неделниот извештај на Управата за информации во енергетиката при Министерството за енергија на САД.
Во последната недела од јуни 2018 година САД купувале 734 илјади барели венецуелска нафта дневно.
Испораките на нафта од Венецуела за САД од почетокот на годинава се прекината веќе трипати. Во март САД три недели по ред не увезуваа венецуелска нафта. Следниот пат кога испораките прекинаа две недели по ред беше во мај. И последен пат се шесте недели заклучно со крајот на јуни. Увоз на венецуелска нафта сепак имаше во април и во текот на една недела во мај.
Годинава во јануари Вашингтон воведе санкции кон венецуелската државна нафтена компанија „ПДСВА” со тоа што ги блокира финансиите и активите на компанијата под јурисдикија на САД во вредност од 7 милијарди долари. Забрането е и водење бизнис со оваа компанија.
Според Белата куќа, поради санкциите компанијата годинава може да ја заврши со 11 милијарди долари загуба.
Во меѓувреме САД воведија нови санкции против Куба. Во средата Министерството за финансии соопшти дека Администрацијата ја става под казнени мерки кубанската нафтена компанија „Кубаметалес” поради „континуираната поддршка на режимот на Николас Мадуро.
-Овие санкции ќе го оневозможат Мадуро да ја користи венецуелската нафта како монета за поткусурување во преговорите кои неговите подржувачи ги водат да добијат заштита од Куба и други злонамерни странски играчи, се вели во изјавата на министерот за финансии Стивен Мнучин.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Продолжуваме со реформите за забрзан европски развој на Македонија
-

Муцунски во Киев: Стоиме со Украина, таа е суверена држава и нејзиниот територијален интегритет мора да се почитува
-

Сител ТВ вработува новинар во веб редакција
-

Тројца полицајци пренесени на Клинички по тешка сообраќајка во Скопје
-

Македонскиот фолклор одекна во Бразил: „Малешевка“ и „Калајџиско“ на светската сцена во Нова Прата, настапите продолжуваат
-

Прва берба, прво меѓународно оценување и две злата за винаријата „Монтеко“ на престижниот „Мундус вини“ во Германија
-

Јаневска: МОН не доделило стипендија на синот на Милошоски
-

73-годишна жена фрлала дрва кон деца, ги бркала со остар предмет, па им ја дупнала топката во Кичево
