САД: Русија се уште не го презема она што го очекуваме од неа во Алепо

Русија се уште не ги презела неопходните чекори за прекин на насилството во Алепо, кои САД ги очекуваат од неа, изјави денеска во Вашингтон портпаролот на Стејт департментот, Марк Тонер.
Тој нагласи дека САД засега не ги прекинале дипломатските контакти со Русија, чија цел е запирање на војната во Сирија и создавање на антитерористичка коалиција против групата Исламска джрава и против Ал Каеда.
Тонер нагласи дека американскиот државен секретар Џон Кери денеска телефонски разговарал со рускиот министер за надворешни работи Срегеј Лавров во обид за излез од ќорсокакот.
- Ние не ги замрзнавме дипломатските односи со Русија во врска со парашањето за Сирија, но сме близу до таква одлука, бидејќи засега не гледаме дека руската страна ги презема активностие кои ние ги побаравме, рече Тонер.
Во меѓу време и Министерството за надворешни работи на Русија го потврди телефонскиот разговор меѓу Лавров и Кери, нагласувајќи дека шефот на руската дипломатија нагласил оти Мослва е подготвена да разгледа дополнителни начини за нормализација на состојбата во Алепо.
Ново на Сител
-

Путин 4,5 часа одговараше на политички, но и на лични прашања
-

Милановиќ: Хрватска треба да го гледа својот интерес и да не се пука во Коалицијата на подготвените
-

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј
-

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори
-

Првообвинетиот за убиството на турскиот државјанин во Штип призна вина
-

За Бериша Парламентот не постои и најави штрајкови со глад
-

Затаен данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, истрага против две лица
-

Мицоски: Не сум човек што сака цензурирање или закани, за мене Македонија е свето име
