САД предвидуваат Ѕидот на плачот да остане во Израел

САД предвидуваат Ѕидот на плачот во Источен Ерусалим да остане во Израел во согласност со евентуалниот мировен договор со Палестинците, изјави неиемнуван претставник на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
- Не можам да замислам Ѕидот на плачот да не е дел од Израел, посочи тој.
Ѕидот на плачот се остатови од западниот ѕид на Вториот храм во Ерусалим, свето место за Евреите. Тој е лоциран во Ерусалим е причина за религиозните тензии помеѓу Евреите и муслиманите. Евреите го нарекуваат Храм на храмот, а Муслиманите - Благородно светилиште.
- Трамп со признавањето на Ерусалим за главен град на Израел докажа дека „стои на зборот“ и оти е ангажиран за постигнување на мир. Очекувавме реакции... но ќе продолжиме да работиме на нашиот план... Разбираме дека на Палестинците ќе им треба кус период на освестување, но нема проблем... Ние ќе бидеме подготвени, кога Палестинците ќе бидат подготвени да ги обноват преговорите, а во меѓувреме не чека многу работа, истакна неименуваниот американски претставник.
Специјалниот пратеник на претседателот Трамп за блискоисточниот мировен процес Џејсон Гринблат следната недела ќе го посети Израел. Тоа ќе биде негова прва посета на регионот по одлуката на Трамп за Ерусалим. За следната недела предвидено е и потпретседателот на САД, Мајк Пенс да го посети Израел.
Ново на Сител
-

Жената која си го одзеде животот заедно со нејзината ќерка со години пријавувала семејно насилство, вели нејзиниот брат
-

Се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ копнено преку Оман
-

Бела куќа: Операцијата против Иран има јасни цели
-

Димитриевски: Недозволиво е Груби да биде во куќен притвор
-

Андоновски на најголемиот светски конгрес за мобилни оператори - MWC26 во Барселона
-

Реакција од ГАК по објавите во медиумите за смртта на родилката
-

Украина разгледува нова локација за преговори со Москва
-

Трамп најавува силен удар врз Иран, не исклучува испраќање копнени сили
