САД потврдија дека го гаѓале портпаролот на ИД, но не и дека тој е мртов
САД го извеле воздушниот напад чија цел бил портпаролот на таканаречената Исламска држава (ИД) Абу Мухамад ал Аднани, потврди синоќа претставник на Пентагон, откако ИД објави дека тој е убиен.
Американскиот претставник кажа дека целта на воздушниот напад било едно возило во градот ал Баб, во Сирија, но не сакаше да каже дали Аднани е убиен, пренесуваат британските медиуми.
Амак-агенцијата на Исламска држава, претходно објави дека Аднани, еден од припадниците на ИД со најдолг стаж, бил убиен „додека ги надгледувал операциите против воената кампања во Алепо“.
Исламска држава под своја контрола има територии во провинцијата Алепо, но не и самиот град, каде бунтовниците се борат против силите на сириската влада.
Амак не наведе како точно е убиен нивниот портпарол.
Аднани е Сириец од сирискиот град Идлиб, кој пред повеќе од 10 години се заколнал на верност кон Ал Каеда, „претходницата на ИД“, наведува Институтот Брукингс и истакнува дека американските сили во Ирак еднаш веќе го уапсиле.
Тој бил главниот стручњак за пропагандата на екстремистичката џихадистичка група, откако во јуни 2014 година таа најави дека ќе воспостави современ калифат, во кој ќе влезат големи делови од териториите што ги зазеде во Ирак и соседна Сирија.
Ново на Сител
-
Околу 9.000 вработени во „Мајкрософт“ ќе добијат отказ
-
Со сателетски снимки ги лоциравме дивите депонии во државата | Мартина и Mирко | Sitel Podcast 101
-
Пожарот во Валандовско не е ставен под контрола, се шири во два крака
-
Нетанјаху повика на целосно елиминирање на Хамас, организацијата разгледува предлог за примирје
-
Киев тврди дека руската армија егзекутирала 268 украински воени заробеници
-
Шумски пожар на вториот крак на Халкидики
-
Расправата за ребалансот продолжува утре
-
Кривична за проневера во службата и фалсификување или уништување деловни книги