САД: Од 27 јули почнува клучната фаза од испитувањето на вакцина против Ковид-19
Американскиот фармацевтски концерн „Модерна инк“ објави дека конечните клинички испитувања за вакцината против Ковид-19 ќе започнат на или околу 27 јули.
Станува збор за третата, клучна фаза на тестирање на луѓе на вакцината мРНА-1273.
Клиничкото испитување го спроведува Националниот институт за здравство, а американската влада инвестираше близу половина милијарда долари во проектот на „Модерна“.
Завршните клинички испитувања ќе бидат спроведени на 87 локации во САД.
Во испитувањата ќе бидат вклучени околу 30.000 возрасни лица кои имаат големи шанси да се заразат со коронавирусот, објави фармацевтскиот концерн.
Со испитувањето ќе се спореди бројот на новозаразени меѓу лицата кои ја примиле новата вакцина и оние кои примале плацебо.
Експерименталната вакцина ќе биде тестирана во 30 држави во САД.
Ново на Сител
-
Јавна седница на апелација – Нино Васев и Нехат Нухи бараат укинување на куќниот притвор
-
Штипјани со зголемена финансиска дисциплина
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба на историската Комисија во Атина
-
Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-
Владата го усвои ребалансот на Буџетот
-
„Таков каков што сум’’ - aвтобиографија на бизнисменот Кочо Анѓушев
-
Инцидент во Советот на Општина Кочани - советникот Акиов повреди вработена