Балкан
27. December 2016 - 14:15

САД не одобрија виза за Додик

Американската Амбасада во Сараево го отфрли барањето на претседателот на Република Српска Милорад Додик за дипломатска виза.

Барањето беше поднесено за тој да присуствува на церемонијата за стапување на должност на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, јави Хина. 

- Одбиен сум за дипломатска виза еден ден по разговорот со претставниците на Стејт департментот со објаснување дека не можам да заминам таму како претставник на Босна и Херцеговина, изјави Додик.