САД: Мугабе ги изневери надежите на својот народ

Поранешниот претседател на Зимбабве Роберт Мугабе, „помогна да се ослободи Зимбабве“, но потоа „ги изневери надежите на својот народ“, оцени САД по повод смртта на тој државник.
– Искажуваме сочувство на оние што жалат за загубата на поранешниот претседател на Зимбабве, Роберт Мугаб“, рече портпаролката на американското Министерство за надворешни работи, Морган Ортагус. Сепак, таа посочи на „кршењето на човековите права на Мугабе и лошото економско управување што осиромашија милиони Зимбабве“.- Ние продолжуваме да ги поддржуваме аспирациите на народот на Зимбабве за подобар и попросперитетен живот, рече таа.
– Зану-ПФ, партија на власт од 1980 година, се состана и му додели статус – заслужен национален херој, рече Емерсон Мнангагва во телевизиското обраќање.
Тој додаде дека земјата ќе биде во жалост се до погребот на Мугабе, чиј датум се уште не е објавен.
Мугабе почина во болницата во Сингапур, каде што се лекуваше од април. На власт беше 37 години.
Ново на Сител
-

Денеска е Митровден - празник посветен на Светиот великомаченик Димитриј
-

САД нудат награда до 20 милиони долари за информации за иранската нуклеарна програма
-

Одбележани 130 години од изградбата на храмот „Свети великомаченик Димитриј“ во Скопје
-

Трамп бара истрага против демократите, ги обвини за „кривично дело“
-

Крвав напад во Краков: Најмалку шест загинати, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот
-

Осум српски полицајци уапсени за смртно претепување на братот на осомничениот за убиството на Данка Илиќ
-

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за дожд во западните делови од земјата
-

Андоновски: Целта е граѓаните што побрзо да ги почувствуваат придобивките од дигитализацијата
