САД кренаа воени авиони во „лов“ на авион кој без дозвола прелета над Вашингтон
Американските власти вчера кренаа во воздух група воени авиони во лов на мал авион што неовластено навлегол во воздушниот простор над пошироката област Вашингтон, а потоа се урна во Вирџинија.
Во времето кога воените ловци го пробиле воздушниот ѕид, „Цесната“ се урнала во ридско подрачје во југозападна Вирџинија, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА).
Воените авиони не биле причина за падот, тврди неименуваниот функционер.
Според информиран извор, се верува дека „Цесната“ била управувана на автопилот и не одговарала на повиците од контролата на летање.
Авионот „Цесна“ полетал од аеродромот во Елизабетон, во сојузната држава Тенеси и била на пат за аеродромот Мекартур на њујоршкиот Лонг Ајленд, на околу 80 километри источно од Менхетен, се наведува во соопштението на ФАА.
Од ФАА додаваат дека овој инцидент ќе го истражува Националниот одбор за безбедност на транспортот.
Според интернет страницата за следење летови Flight Aware, се чини дека „Цесната“ се приближила до пошироката област на Њујорк пред да направи нагло свртување за речиси 180 степени и да заврши во Вирџинија.
Воените авиони Ф-16 биле испратени од базата Ендрјус, јави Еј-би-си Њуз, цитирајќи неименуван официјален претставник.
Најмалку еден од воените пилоти видел дека пилотот на „Цесната“ бил онесвестен, соопшти Еј-би-си .
Пробивањето на звучната бариера вознемири многумина во Вашингтон, кои твитнаа за силна бучава и тресење на земјата и ѕидовите.
Неколку жители пријавиле дека ја слушнале вревата дури до Вирџинија и Мериленд.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Слаб интерес за селекција на отпадот во Струмица
-
Гласен текстилец - и годинава ќе има злоупотреби при исплатата на К-15
-
Скопјани добија вода, дефектот е саниран
-
Чадот од отпад го гуши Злокуќани цела деценија: Жителите бараат итна помош од институциите
-
Меџити вчера објави дека Груби е во Албанија, денеска вели политичарите да се воздржат од коментари
-
Директорот на Детска не го добил извештајот од ДСЗИ – тврди дека починатото бебе било прегледано и од специјалист
-
Повлечен законот за средно