САД: Коронавирусот не е биолошко оружје
– Американските разузнавачи не веруваат дека новиот коронавирус е создаден како биолошко оружје или модифициран со генетски инженеринг. Ова се наведува во извештајот објавен на веб-страницата на Канцеларијата на директорот на националното разузнавање на САД.
„Веруваме дека вирусот не е создаден како биолошко оружје“, се вели во документот. „Повеќето агенции, исто така, веруваат дека SARS-CoV-2 веројатно не е генетски конструиран, но две агенции веруваат дека нема доволно докази за тоа дали е тоа така или не“. „Конечно, кинеските власти не знаеја за вирусот пред првичното избивање на Ковид-19“, се вели во извештајот. Американската разузнавачка заедница никогаш не постигнала едногласен консензус за потеклото на новиот коронавирус.
Според извештајот, американските разузнавачки служби веруваат дека се веројатни и верзијата за пренос на инфекција од животно на човек и хипотезата за ширење на вирусот како резултат на лабораториски инцидент.
Ново на Сител
-

Собранието избра нови членови на ДИК и Комисијата за заштита од дискриминација
-

Расте поддршката за членство во ЕУ - 71% од граѓаните сакаат во Унијата но само 24% се за уставни измени
-

СДСМ го поддржува протестот на синдикатите
-

Јавна расправа за Нацрт-закон за отворени податоци и повторна употреба на податоците од јавниот сектор
-

Потребна е вонсезонаска понуда во Охрид
-

Во Штип лани речиси секој ден се продавал по еден стан
-

Преглед на вестите од светот
-

Србите го слават Свети Сава
