САД ќе протеруваат цели семејства мигранти
Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама планира да го интензивира протерувањето на илегалните имигранти од Средна Америка, во чии рамки е предвидено цели семејства да бидат вратени во земјите од каде потекнуваат.
Големиот број на сами деца кои пристигнаа во САД, како и доаѓањето на цели семејства од Салвадор, Гватемала и Хондурас, ги принуди американските власти да се подготват за приведување и протерување на семејствата на кои веќе им е наредено да ја напуштат земјата.
„Вашингтон пост“ објави дека Министерството за државна безбедност планира низа рации чија цел ќе биде протерување на неколку стотина семејства кои пристигнале во САД од почетокот од минатата година.
- Повеќе од 100.000 семејства минатата година илегално влегоа во САД преку југозападната граница, но таа миграција беше засенета од бранот деца кои влегоа во земјата без придружба на возрасни, наведува „Вашингтон пост“.
Ново на Сител
-
Биткоинот достигна вредност од 80 000 долари
-
Патот Кратово - Пробиштип непрооден за камиони поради наноси од снег
-
Скопје утринава се најде меѓу првите десет најзагадени градови во светот
-
Земјотрес со јачина од 3,2 степени ја погоди Албанија, почувствуван и во Македонија
-
Во Баку почнува Самитот на ОН за климатски промени
-
Во Белград е планиран протест на српската опозиција поради трагедијата во Нови Сад
-
Трамп разговараше со Путин за брзо решавање на војната во Украина
-
Состојба на патиштата