САД, Канада и Мексико се договориле за брзи повторни преговори за НАФТА
Американскиот претседател Доналд Трамп во денешните телефонските разговори со мексиканскиот претседател Енрике Пеља Нието и премиерот на Канада Џастин Трудо, истакна дека САД нема да се повлече од Северноамериканскиот договор за слободна трговија (НАФТА).
Претседателот Трамп се согласи засега да не се прекинува дејствувањето на НАФТА, стои во соопштението на Белата куќа.
Наместо тоа, тој се договорил со Нието и Трудо „да постапуваат брзо, според интерните правила за повторни преговори на трговскиот договор“, за доброто на трите земји.
Белата куќа наведе дека американскиот претседател остварил „пријатен и продуктивен разговор“.
- За мене е чест да го модернизирам НАФТА преку преговори. Верувам, дека крајните резултати ќе ги направат овие три земји посилни и подобри, истакна Трамп.
Ново на Сител
-
Кривична за тетовец вработен во јавно претпријатие, парите не ги предал во благајна туку ги присвоил за себе
-
Приведен 39-годишен скопјанец, ги нападнал сестрата и неговата мајка
-
Европол: Уапсени 30 лица вмешани во трговија со луѓе во Шпанија и во Хрватска
-
Потрошувачите во Хрватска повикани на неделен бојкот на малопродажните синџири и производи
-
АМСМ: Магла во Битола и Прилеп, видливоста од 50 до 100 метри
-
Комеморација во Аушвиц: Преживеаните сведочат за ужасите на Холокаустот
-
Утре без струја дел од Аеродром, Бутел и Ѓорче Петров
-
Кривична пријава против велешанец за криумчарење на тројца мигранти