САД ја повлекуваат воената помош за Мјанмар поради насилствата врз Рохинџите-муслимани
САД соопштија дека ја повлекуваат воената помош за единиците и офицерите од Мјанмар, кои се вмешани во насилството врз Рохинџите-муслимани, кое предзвика масовен егзодус и хуманитарна криза.
При објавата на казнените мерки, портпаролката на Стејт департментот, Хедер Науерт изрази голема загриженост од страна на САД поради неодамнешниот развој на случувањата во мјанмарската држава Ракајн.
Таа наведе дека е неоходно да бидат казнети оние кои се одговорни за „насилното и трауматично злоставување кое го претрпеа Рохинџите“.
Претходно, американскиот државен секретар Рекс Тилерсон истакна дека САД оценуваат оти военото раководство на Мјанмар е одговорно за случувањата во земјата.
Тој нагласи дека, доколку се воспостави дека извештаите за злосторствата врз Рохинџите-муслимани во Мјанмар се точни, тогаш одговорните треба да бидат казнети.
Поради насилството во Ракајн, над 600.000 Рохинџи-муслимани побегнаа од земјата од август досега.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници