САД ја потврдија смртта на седумината морнари при сударот на разурнувачот „Фицџералд“ и товарен брод
Американската Воена морнарица ја потврди смртта на седумината нејзини морнари, кои беа прогласени за исчезнати по сударот на американскиот разурнувач „Фицџералд“ со товарен брод што пловел под филипинско знаме, во близина на јапонскиот брег, јави ДПА.

Нуркачи ги пронашле телата на морнарите во собите се спиење, кои биле поплавени во американскиот разурнувач, се наведува во соопштението на Седмата американска флота.
Загинатите се идентификувани.
Американскиот разурнувач со носивост од 8.315 тони, опремен со противракетен систем „Иџис“ се судри со товарниот брод „Кристал“, во саботата во Токискиот Залив. Разурнувачот претрпе сериозна штета во сударот.
- Оштетени се собите за спиење и кабината на капетанот, изјави вицеадмиралот Џозеф Окојн и додаде дека се повредени три лица, меѓу кои и капетанот.
Разурнувачот се врати во базата Јокосука со помош на реморкери.
Ново на Сител
-

ЕУ официјално го одобри заемот за Украина и воведе нови санкции против Русија
-

Српската полиција уапси македонски државјанин осомничен дека сторил кривично дело измама
-

Утре без струја општините Студеничани, Петровец, Карпош и Гази Баба
-

Ангелов: Во Битола, на Тумбе Кафе пронајдени 1.067 неексплодирани убојни средства од Првата Светска војна
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје во недела поради меморијална трка
-

Алиу најави можност лекар да евидентира во систем ако забележи пациент кој претрпел насилство, а не го пријавил
-

25-годишна девојка со автомобил удрила велосипедист на Партизанска и тешко го повредила
-

Јаневска за незаконските уписи на Филозофски: Сериозно ќе го разгледам извештајот и ќе постапам како што одлучил Инспекторатот
