Белата куќа ги минимизира иранските напади врз бродови во Ормуската Теснина

Белата куќа синоќа ги минимизираше извештаите за ирански напади врз комерцијални бродови во Ормуската Теснина, тврдејќи дека медиумското известување ги преувеличува инцидентите.
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, изјави за Фокс Њуз дека извештаите се „преувеличени“ и имаат за цел да ја дискредитираат изјавата на претседателот Доналд Трамп дека конвенционалната морнарица на Иран е „целосно уништена“. Таа додаде дека нападите не го прекршиле примирјето бидејќи бродовите не пловеле под знамиња на САД или на Израел.
Според Левит, два брода биле нападнати од „брзи чамци“.
-Иран од најсмртоносната морнарица на Блискиот Исток сега премина во дејствување како група пирати – рече таа, додавајќи дека Техеран нема контрола врз Ормуската Теснина.
Претходно, според Центарот за поморски трговски операции на Обединетото Кралство (UKMTO), контејнерски брод бил погоден и тешко оштетен од Иранската револуционерна гарда (IRGC). Набргу потоа бил пријавен и втор инцидент. Иранската револуционерна гарда, пак, презеде одговорност за три одделни напади врз товарни бродови.
Трамп претходно го постави повторното отворање на Ормуската Теснина од страна на Иран како услов за прекин на огнот. Пловењето низ оваа клучна транзитна рута за нафта и гас е нарушено од почетокот на конфликтот.
Трамп индицираше дека, и покрај продолжувањето на прекинот на огнот, американската поморска блокада ќе остане во сила, насочена кон бродовите што тргнуваат од или се упатуваат кон иранските пристаништа.
МИА
Ново на Сител
-

Кениецот Саве прв истрча маратон под два часа
-

Четворица малолетници ограбиле маркет во ГТЦ, при претрес пронајдени нож и електрошок
-

Маж од кичевско додека возел се пожалил на болка во градите, излетал од патот и починал
-

74-годишна жена паднала при нагло кочење на автобус во кој се возела и тешко се повредила
-

Контрола на полицијата на патниот сообраќај во неколку општини, уапсено едно лице, изречени 12 мерки
-

Светските лидери го осудија вооружениот инцидент во Вашингтон
-

Уапсен возач кој во Кичево удрил 60-годишен пешак и го повредил
-

Од вторник до крајот на неделата повремени врнежи, на места пороен дожд со грмежи и пониска темепература
