САД изгубија уште еден играч на Светското
Уште еден играч од тимот на САД се повлекува од подготовките за Светското првенство во Кина ова лето. Се работи за бекот на Сакраменто Кингс, Ди Аарон Фокс, кој избра да се концентрира на подготовките за новата сезона во НБА, во која „кралевите“ ќе се обидат да стават крај на нивната негативна низа на неуспешни обиди за пласман во плеј-офот. За последно, екипата играше во плеј-офот во НБА лигата во 2006 година.
Решението на 21-годишниот Фокс доаѓа околу една недела откако стана јасно дека неговиот соиграч во „кралевите“ – тешкото крило Марвин Бегли, исто така, доброволно се повлекува од тимот на САД, за да се фокусира на неговата индивидуална подготовка за претстојната сезона. 20-годишниот Бегли и Фокс, кој е еден од најбрзите играчи во НБА лигата, првично беа во „Б“ тимот, но за време на подготовките на Американците беа донесени во првиот состав и имаа шанса да влезат во финалниот тим за Светското првенство кое започнува на 31 август.
Фокс одигра само 6 минути за Американците при победата од 90:81 во контролниот натпревар против Шпанија, постигнувајќи 2 поени.
Во последните неколку дена, плејмејкерот за шампионите во НБА, Торонто Репторс – Кајл Лаури и крилото на Хјустон Рокетс, Пи Џеј Такер, исто така, објавија дека се повлекуваат од тимот. Двајцата не се целосно извлечени од различни физички проблеми.
Така, за Австралија, каде тимот САД ќе ги продолжи своите подготовки, заминуваат 13 играчи. Еден од нив на крајот ќе биде отфрлен, но селекторот Грег Поповиќ сè уште не донел конечна одлука кој да ги претставува САД во Кина.
Добрата вест за тренерот на Сан Антонио Спарс е поврзана со бекот на Бостон Селтикс, Маркус Смарт, кој веќе се опорави од повредата.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот