САД им честитаа на партиите за договорот
САД денеска упатија честитки до политичките партии за договорот за воведување на специјалниот обвинител и за именувањето на Катица Јанева на оваа функција.
- Им честитаме на партиите за договорот што го постигнаа денеска за воведување на јавен обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и за именување на Катица Јанева на оваа функција. Ова назначување претставува значаен чекор кон утврдување на одговорност. Соединетите Држави, заедно со нашите европски партнери, остануваат посветени да и помогнат на Македонија да го имплементира договорот од Пржино и да продолжи по својот пат на целосна интеграција во евро-атлантските институции како динамичнa, просперитетна и мулти-етничка демократија, соопшти попладнево Американската амбасада.
Ново на Сител
-
Приведени скопјани барани со потерници
-
Пронајдена дрога кај осуденик во битолскиот затвор
-
Германија: „Дубаи чоколадо“ е само она што се произведува во ОАЕ
-
Хамас го прифати нацрт-договорот за прекин на огнот вo Појасот Газа
-
Последен ден од новогодишната кошница - Ќе се покачат ли цените на основните производи?
-
Дел од Стајковци без вода
-
Според СДСМ барањата на работниците се оправдани
-
Укината забраната за камиони на Плетвар