Свет
29. July 2015 - 9:00

САД и Турција ќе соработуваат во прочиствување на турско-сириската граница од ИД

САД и Турција ќе соработуваат во борбата против Исламска држава која има свои формации на турско-сириската граница, изјави висока американски претставник, јави ДПА.

Детали за акциите во 80-километарската линија од границата се уште се разгледуваат, но е јасно дека ќе се смета на силите на умерената сириска опозиција, а не на американски или турски војници, додаде тој.

Планот не предвидува формирање зона забранета за летови, како одамна што бара Турција, но целта е џихадистите да бидат протерани од граничниот реон.

САД и Турција се уште не решиле кои борци од сириската опозиција да ги поддржат во заедничките напори за „прочистување“ на турско-сириската граница од Исламска држава.