САД и Кина го ратификуваа Парискиот климатски договор
САД и Кина го ратификуваа денеска клучниот договор за климатски промени постигнат во Париз во минатата година.
Претседателите на САД и на Кина, Барак Обама и Кси Џинпинг му врачија на генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун документи со кои потврдуваат дека нивните држави ги презеле сите неопходни чекори за да се приклучат кон Парискиот договор.
Врачувањето на документите беше извршено на свечена церемонија одржана на мргините на состенокот на Г-20 кој утре почнува во кинескиот град Хангжу.
Обама во таа прилика рече дека САД се посветени да бидат глобален лидер во борбата против климатските промени. Додаде дека Парискито договор може да биде запаметен во историјата како „момент кога сме одлучиле да ја спасиме планетата“.
Кси тој договор го нарече клучен чекор што означува дека се појавил „глобален државен систем“ за борба против климатските промени.
Ново на Сител
-
Три лица каснати од кучиња во Скопје
-
Загина 20-годишно момче во сообраќајка кај Новоселани
-
Со автоматска пушка влегол во казино и одзел над 5000 евра
-
Локалните избори во Србија и изборите во Белград ќе се одржат на 2 јуни
-
АСО: Неоправдано е поскапувањето на полисите
-
Со лажен сертификат за англиски јазик аплицирала за директорка и добила работа, сега ќе одговара кривично
-
Ким Џонг-ун надгледуваше пробно истрелување ракети
-
Учениците од понеделник на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај