САД и Катар потпишаа договор за борба против тероризмот
Во текот на посетата на американскиот државен секретар Рекс Тилерсон на Доха, САД и Катар денеска потпишаа спогодба за борба против тероризмот и неговото финансирање, изјави високиот советник во Стејт департментот, Роберт Хамонд.
- Катар и САД потпишаа меморандум за разбирање меѓу двете земји, што ги предвидува идните напори на Катар во засилувањето на борбата против тероризмот и активното решавање на прашањето на финансирање на тероризмот, рече Хамонд.
Според Хамонд, ова е „оптимистичен чекор напред“.
Истовремено, Египет денеска најави дека министрите за надворешни работи на четирите арапски држави кои ги прекинаа врските со Катар, утре во Саудиска Арабија ќе разговараат со Тилерсон.
Египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри денеска доби покана од неговиот саудиски колега Адел ал-Џубеир утре да дојде на разговори во Џеда, соопшти Министарството во Каиро.
- Овој состанак ја одразува желбата на четирите земји да ја засилат координацијата и да го подвлечат своето единство во поглед на идните односи со Катар, се наведува во соопштението.
Ново на Сител
-
Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир
-
Во Чаир три кражби на чанти
-
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица
-
Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег
-
Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање