САД и ЕУ: Советот на јавни обвинители да го именува тимот на Јанева

Амбасадата на САД и Делегацијата на Европската Унија во Скопје го поздравуваат досега постигнатиот напредок по однос на спроведувањето на Законот за јавниот обвинител за истраги за прислушуваните комуникации, што, како што наведуваат, е клучен сегмент од политичкиот договор.
Во заедничката изјава се вели дека позитивни моменти претставуваат брзото именување на Катица Јанева на функцијата јавен обвинител за истражување на прислушуваните комуникации, фактот што таа достави навремен предлог за тим на обвинители до Советот на јавни обвинители, и општи планови за работа, за тимот и за финансиите до Собранието, до Владата и до Советот на јавни обвинители.
- Од суштинска важност е Советот на јавни обвинители да ја изврши својата улога согласно Законот за водење на истраги за прислушуваните комуникации и да го именува тимот на Јанева, за да може нејзиното обвинителство да почне да го извршува својот мандат и своите задачи независно и без да трпи каков било облик на политички притисок, стои во изјавата.
Делегацијата на ЕУ и амбасадата на САД, како што се наведува, се подготвени да помогнат доколку тоа се побара од нив и да обезбедат обука и техничка помош за канцеларијата на јавниот обвинител да води истрага за прислушуваните комуникации.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
