САД го повлекува антиракетниот систем „Патриот“ од Турција

САД во октомври ќе го повлече противракетниот систем „Патриот“ од Турција поставен како поддршка на турската воздушна одбрана поради опасностите од судирите во соседна Сирија, соопштија турските и американските власти.
- Мандатот на мисијата на НАТО истекува во октомври и нема да биде објавен, но САД се подготвени да го вратат „Патриот“ и персоналот во Турција во рок од една седмица, ако за тоа има потреба, се наведува во заедничкото соопштение.
Во соопштенито се посочува и дека Вашингтон и понатаму „ја поддржува воздушната одбрана на Турција, вклучително и таа против балистичките проектили, како и безбедноста и регионалната стабилност“.
Одлуката за повлекување на антиракетниот систем „Патриот“ откако речиси пред еден месец Анкара им дозволи на коалициските сили предводени од САД користење на воената база Инџирлик. Договорот за користење на Инџирлик се однесува на борба против Исламска држава, а не вклучува воздушна поддршка на курдските борци во севернио дел на Сирија.
Германија вчера соопшти дека до почетокот на идната година ќе ги повлече двата антиракетни системи „Патриот“ и 250 војници кои беа распоредени во јужниот дел на Турција.
Германија, САД и Холандија ги распоредија системите Патриот на почеток од 2013 година откако Турција побара од своите партнери во НАТО да и помогнат во заштитата на нејзината територија поради ескалација на граѓанската војна во Сирија.
Холандија ја заврши мисијата на почетокот од годината и беше заменета од Шпанија.
Ново на Сител
-

Претседателката Сиљановска-Давкова за утре го свика Советот за безбедност
-

Пезешкијан го осуди американско-израелскиот напад врз иранско основно училиште
-

Нетанјаху: Постојат многу знаци дека врховниот лидер на Иран повеќе не е жив
-

Двајца играчи на КК Партизан „заглавени“ на аеродром во Дубаи
-

Русија и Катар повикуваат на прекин на воените дејствија
-

Иранската Црвена полумесечина соопшти дека повеќе од 200 луѓе загинале во американско-израелските напади
-

Иран го блокира Ормутскиот теснец - стопирани нафтените бродови
-

Меѓународниот аеродром во Кувајт гаѓан со дрон
