Свет
4. January 2016 - 8:35

САД апелира за намалување на тензиите меѓу Саудиска Арабија и Иран

САД апелираат до лидерите на Блискиот Исток да преземат мерки за намалување на тензиите што избија по кризата меѓу Саудиската Арабија и Иран поради егзекуцијата на саудискиот шиитски свештеник Нимр ал Нимр.

- Сметаме дека дипломатските акции и директни разговори се од суштествено значење, за да се работи и покрај различностите. Ќе продолжиме да ги повикуваме лидерите во регионот да преземат позитивни мерки за да се намалат тензиите, изјави портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби.

Стејт департментот апелира и до Саудиската Арабија да ги почитува човековите права, пренесува БТА.

- Ние сме посебно загрижени дека погубувањето на ал Нимр ќе ги зголеми тензиите на верска основа во време кога пор итно треба да се намалат, додаде Кирби.