САД ангажирале 2.000 војници во победата против Исламската Држава во Сирија
Американската армија има околу 2.000 војници во Сирија, кои во изминатиот период се бореа против Исламската Држава и обучуваат локални вооружени групи.
САД досега го имаат потврдено присуството на околу 500 војници, пред се во северните, курдски делови на земјата. Но, извори во Пентагон за американските медиуми најавија дека бројката е многу поголема, и дека сега, по победата над Исламската Држава, активностите на САД ќе бидат најавени во целост. По освојувањето на Рака, главниот град на Исламската Држава, претседателот Доналд Трамп се обрати на нацијата најавувајќи го крајот на бруталното исламистичко движење.
За разлика од некои други држави кои интервенираа во Сирија, како на пример Русија, САД не им даваа многу публицитет на своите операции во државата. САД беа далеку поинтензивно ангажирани во Ирак, каде во соработка со армијата на ирачката Влада и премиерот Хајдер ал Абади, ги протераа борците на Исламската Држава од големо пространство во централен и северо-западен Ирак, освојувајќи го градот Мосул по неколкумесечна борба. САД потврдија дека во Ирак имаат над 5.200 војници, кои учествуваат во борбите или ја обучуваат ирачката армија.
Повеќето од американските војници во борбата против Исламската Држава се специјалци, и офицери задолжени за координирање на артилериски, воздушни и дрон напади врз исламистичките позиции. Во слична улога, САД имаат и 11.000 војници во Авганистан, а наскоро планираат да испратат уште 4.000 војници таму.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација