-->
-->
Сачевалиев со различни изјави пред судот и пред ЈО
-->

Сачевалиев денеска пред судот кажа дека Заев му барал три евра поткуп од метар квадратен - едно за него, едно за црквата и едно за партијата, што е различно од тоа што го напишал во изјавата во ЈО, дека му биле побарани три евра за изградба на црквата.
Од ЈО го приложија на увид оргиналниот документ од изјавата на Сачевалиев. Тој уште еднаш потврди дека потписите на четирите страници од изјавата се негови, но оти текстот бил променет.
На прашање на адвокатот како од МВР му ја дале и инсталирале опремата за снимање, Сачевалиев појасни дека му побарале палто, по што ја наместиле опремата за снимање.
Инструкции за снимањето му давале двајца припадници на МВР. Половина пред час пред средбите со Заев тие му ги давале палтата (зимско и летно), по што повторно му ги земале. Тврди дека палтата не се кај него туку останале во МВР. Сачевалиев кажа и дека обвинителот не бил присутен на секоја средба со инспекторите од МВР, но потврди дека неколкупати тој доаѓал кај него во Обвинителството во Скопје.
При едно доаѓање во МВР, пак, како што наведе, случајно се сретнал и со Митко Чавков кој пред инспекторите го пофалил дека е „Сачевалиев е најголем работник во Струмица“.
Иако беше најавено, целосната снимка за „Поткуп“ не беше пуштена на денешното рочиште. Причина за тоа беше забелешката од ЈО дека станува збор за ПИ мерки и заради заштита на сведокот.
Одбраната прво побара таа да ја слушне снимката за да може подготвена да го испрашува сведокот, но барањето беше повлечено откако вториот адвокат на обвинетиот Зоран Заев кажа дека тој веќе ја имал слушнато целосната снимка.
Зора Заев во „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица од бизнисменот Сачевалиев побарал поткуп од околу 160.000 евра за легализација на градежно земјиште.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
До петок променливо облачно со локален дожд, викендот сончево и топло
-
Софија подготвена да потпише договор со Скопје за прекуграничен железнички тунел на Коридорот 8
-
По трагедијата во Кочани, ДКСК утврди низа пропусти во Законот за угостителска дејност
-
Пристап до мобилен интернет 1 732 063 претплатници, на мобилен месечно се зборува 174,67 минути
-
СДСМ: Истрагата за Кочани е селективна
-
Студентите во блокада официјално поднесоа барање до Собранието во врска со РТС: „Протестот ќе трае додека не го исполните“
-
Девојчето од Куманово по кое се трагаше вчера наместо во градски, влегло во автобус за Скопје
-
Ајнтрахт е подготвен да го пушти Екитике за 100 милиони евра